Артан Груби да не се пазари и не бега, да се врати и да докаже пред суд колку е „чист како солза“ и ако има храброст, да се соочи со доказите

Артан Груби е епицентарот на сите скандали и афери изминатите години. Нема скандал а да не се поврзува со името на Груби. Како кула од карти се сруши наративот на ДУИ дека се борат за ЕУ и зелени агенди. Артан Груби и врхушката на ДУИ, блиски соработници на Али Ахмети под превезот на демократија, правда и зелени агенди се борат исклучиво за да го заштитат крупниот капитал стекнат на криминален начин, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Артан Груби да не бега и да се врати во Македонија за да докаже колку е чист како солза.

Груби веднаш откако се најде на црната листа на САД, а потоа и во центарот на кривична постапка за милионски криминал ја напуштил државата по ставањето на црната листа на САД а пред отпочнување на кривичната постапка против него.

8 милиони евра е криминалот во АД Лотарија на Македонија во кој главната улога ја имаат Артан Груби како вицепремиер и Пeрпарим Бајрами како директор на Лотарија.

Артан Груби да не се пазари и доколку е чист како солза како што самиот тврди, да се врати во Македонија и да си докаже пред суд доколку има храброст“, потенцираа во соопштението.

Одговорност за милионскиот криминал кој го направил Груби мора да има. Одговорност за корупцијата и криминалот во пандемиски размери на СДС и ДУИ мора да има, нотираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Време е за унапредување на демократијата, владеење на правото и правдата, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.