Руте го потврди воспоставувањето команда на НАТО за Украина

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во средата го потврди одржувањето на мини-самитот со челниците на Европската унија посветен на Украина која ќе ја претставува претседателот Володомир Зеленски, а главната тема ќе биде снабдувањето со оружје во прв ред со противвоздушни системи и повика во овој момент „помалку да се зборува“ за примирје.

Руте на прес-конференцијата во Брисел го истакна започнувањето на функционирањето на командата на НАТО за Украина во Визбаден, што е уште еден чекор на европските сојузници пред во Белата куќа да се врати избраниот американски претседател Доналд Трамп кој заговара брзо воспоставување примирје и крај на тригодишната руско-украинска војна.

„Повикани се неколку челници на европските земји за разговори по редица прашања. Главното, тоа е испораките на оружје, првенствено системи за противвоздушна одбрана“ во Украина, рече Руте.

„Мораме да испорачаме повеќе системи за противвоздушна одбрана и друго оружје во Украина. Украинците сметаат дека итно им се потребни дополнителни 19 системи за противвоздушна одбрана за да ја заштитат нивната енергетска инфраструктура. И, генерално, неопходно е да им се испрати повеќе оружје“, рече челникот на НАТО.

Руте притоа ги повика челниците на НАТО „помалку да зборуваат за мир“ предупредувајќи претходно дека е неопходно „Украина да се постави во моментов во позиција на сила…. Бидејќи фронтот сега се движи кон запад а не кој исток“ и промената на оваа ситуација е сега „наш (на НАТО) главен приоритет“.

„Доколку сега меѓу себе разговараме како ќе изгледа мировниот договор, ќе им олесниме на Русија. Тие ќе седат во своите фотелји, ќе ги слушаат нашите дискусии и ќе додека пушат пури ќе ги гледаат видео-преносите. Мислам, дека тоа не е добро“, рече Руте.

Истакна дека започнала да функционира командата на НАТО за Украина, сместена во Визбаден во Германија. Таа ги презема овластувањата од форматот Рамштајн, според американската база во истоименото место во западна Германија, која ја формираа САД со цела 50 нивни сојузнички земји и организации ги координираа воените набавки за украинската војска, што сега минува во надлежност на НАТО.

Командата во Визбаден ја презема координацијата на помошта од САД, а се верува дека целта на овој потег е да се заштити механизмот за поддршка од новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, скептик на НАТО, наведува Reuters.

Трамп, кој ја презема функцијата во јануари, изјави дека сака брзо да ја заврши војната во Украина, но не прецизираше како планира да го стори тоа. Трамп долго време го критикуваше огромниот износ на американската финансиска и воена помош за Украина, но и постави прашање каде завршува американското оружје.

Новата мисија на НАТО во Украина, наречена НАТО безбедносна помош и обука за Украина (NSATU), се наоѓа во касарната Клеј, американска база во германскиот град Визбаден. Рамштајн групата од околу 50 земји предводена од САД, ад-хок коалиција именувана по американската воздушна база во Германија каде што првпат се состана, ја координира западната воена помош за Киев од 2022 година.

Ќе продолжи да дејствува како политички форум, бидејќи NSATU го презема военото спроведување на одлуките донесени таму.

Европските дипломати стравуаат дека САД под Трамп сепак би можеле да ѝ нанесат голем удар на Украина со намалување на помошта, бидејќи САД се доминантна сила во Алијансата и го снабдуваат најголемиот дел од оружјето за Киев.

Се очекува NSATU се очекува да има околу 700 припадници, вклучително и сили стационирани во воениот штаб на НАТО – SHAPE во Белгија и логистичките центри во базите на сојузот во Полска и Романија. Активноста на НАТО за поддршка на безбедноста и обуката на Украина (NSATU) беше договорена во јули на самитот во Вашингтон.