Во четвртокот претпладне има услови за појава на магла по котлините, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Утринските температури се движат од минус 1 до 3, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 9 и 16 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината наутро со услови за појава на магла, преку денот сончево со мала облачност и слаб јужен ветер. Температурата ќе достигне до 12-от степен.