Во тек е исплатата на образовниот додаток за прв мерен период за учебната 2024/2025

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за првиот мерен период за учебната 2024/2025 година.

Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа:

-за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година,
-за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година,
-за третиот мерен период во текот на месец мај во тековната календарска година и
-за четвртиот мерен период исплатата се врши во текот на месец јули во тековната календарска година.