На неколку патни правци има густа магла

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно суви коловози.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патните правци Ресен-Битола и Струга-Охрид.

Сите патни правци во државата се проодни, без забрани и ограничувања.