Автомобил влета меѓу посетителите на божикен базар во германски Магдебург, има жртви

Автомобил влета во масата посетители на предбожикен база во источниот германски град Магдебург при што загинаа најмалку едно лице а десетици се повредени луѓе, пренесува телевизијата NTV повикувајќи се на властите на сојузната покраина Саксонија-Анхалт.

„Возачот на автомобил влета во масата на божикниот базар во Магдебург. Приведен е“, се наведува во кусата објава на социјалните мрежи на телевизијата.

Според сознанијата на порталот T-online, загинале повеќе луѓе а уште 60 биле повредени. Притоа, како што се тврди во информацијата, влетувањето во толпата луѓе било изведено со две возила.

Локалните власти инцидентот кој се случил во близина на зградата на градскиот совет засега го третираат како терористички чин. Засега не се објавени конкретни официјални податоци за бројот на настраданите.

Според очевидци, автомобилот очигледно влетал директно во толпата луѓе кои се упатиле кон градското собрание. Посетителите панично се разбегале во правенц на градската управа, а на местото на настанот се присутни бројни тимови на службите за итни интервенции.

Според електронското издание на весникот Bild, кој се повикува на извори во истрагата, полицијата ја евакуирала областа на која се одржувал базарот и спроведува потрага по можна експлозивна направа.