
Педесетгодишен доселеник од Саудиска Арабија влетал во масата посетители на божикниот базар во источногерманскиот град Магдебург, при што според сѐ уште офиијално непотврдени информации загинале 11 луѓе а уште до 80 се повредени, пишува весникот Die Welt повикувајќи се на извори од безбедносните структури.
„На божикниот базар во Магдебург возал на автомобил влетал во толпата луѓе… Станува збор за маж од Саудиска Арабија роден 1974 година“, ги цитира изданието безбедносниот извор.
Во петокот вечерта телевизијата NTV објави дека малку по 19 часот по локално време автомобил влетал во бројните посетители на базарот во Магдебург. Според инфромациите на порталот Т-online, пак, во нападот учествувале две возила.
Порталот MDR известува за најмалку една жртва, додека T-online и весникот Bild пишуваат за 11 загинати и меѓу 60 и 80 повредени.
Локалните власти инцидентот кој се случил во близина на зградата на градскиот совет засега го третираат како терористички чин. Засега не се објавени конкретни официјални податоци за бројот на настраданите.
Според очевидци, автомобилот очигледно влетал директно во толпата луѓе кои се упатиле кон градското собрание. Посетителите панично се разбегале во правенц на градската управа, а на местото на настанот се присутни бројни тимови на службите за итни интервенции.
Според електронското издание на весникот Bild, кој се повикува на извори во истрагата, полицијата ја евакуирала областа на која се одржувал базарот и спроведува потрага по можна експлозивна направа.
Direkte Aufnahme von der Tat, ich bin unfassbar bestürzt. Warum ist das in Deutschland möglich⁉️ Magdeburg, Weihnachtsmarkt pic.twitter.com/7CEQhH2GCS
— Michael (@Michael27184036) December 20, 2024