Исландската претседателка во саботата ја претстави новата влада предводена од челничката на Социјалдемократската партија, Криструн Фростадотир, која сака да ја намали инфлацијата и каматните стапки и да одржи референдум за членство во Европската унија до 2027 година, објави телевизијата RUV.
Левичарскиот Социјалдемократски сојуз предводен од Фростадотир освои најголем број гласови на предвремените избори на 30-ти ноември, а во нејзината коалициска влада ќе бидат вклучени и центристичката Народна партија и левичарската проевропска реформска партија, објави RUV.
Тоа ќе биде првпат на Исланд челниците на сите владејачки партии да бидат жени, а првпат земјата истовремено да има претседателка, независната Хала Томасдотир, додава RUV.
Челничката на Реформската партија Торгердур Катрин Гунарсдотир ќе биде министерка за надворешни работи, додава телевизиската компанија.
Директниот пренос од RUV покажа како челничките на трите партии од коалициската влада се гушкаат по потпишувањето на коалицискиот договор.
Трисет ишестгодишната Фростадотир ќе биде најмладиот премиер во историјата на Исланд, објави RUV.
Новата коалиција ќе ја замени владата предводена од конзервативната Партија на независноста на Бјани Бенедиктсон, како и Левото зелено движење и централно-десничарската Прогресивна партија.