Вечер на гостинските тимови во НБА

Синоќа во НБА лигата се одиграа три натпревара и на трите славеа гостите, а најнеизвесен беше оној во Њу Орлеанс, каде Денвер Нагетс ги победија домашните Пеликанс со 132:129 по продолжението.

Никола Јокиќ со „трипл-дабл“ учинок го предводеше Денвер, а иако беше без погодоци по втората четвртина, натпреварот го заврши со 27 поени, 13 скока и 10 асистенции. Тоа е негов веќе 11-ти „трипл-дабл“ оваа сезона. Џамал ​​Мареј исто така постигна 27, а Расел Вестбрук 21 коша .

Кај Пеликанс најдобар беше Џордан Хокинс со 25 поени, а СиЏеј МекКолум додаде 24 поени.

Јокиќ ги постигна првите три поена на Нагетс во продолжението, а потоа асистираше за кошот на Гордон за изедначувањето пред Џамал ​​Мареј да додаде полагање. Потоа Њу Орлеанс двапати пријдоа на два поена заостанување, но не можеа поблиску.

Хјустон Рокетс, исто така, на гостински терен ги победија Торонто Репторс со 114:110 за кои ова е седми последователен пораз.

Дилон Брукс постигна 27 поени, Џејлен Грин додаде 22, а Алперен Сенгун имаше 17 поени, 10 скока и пет асистенции за Хјустон, за кои ова е втората победа во низа.

Торонто ги предводеше Ја’Коби Валтер со рекордот на кариерата од 27 поени.

Индијана Пејсерс ги победија Сакраменто Кингс со 122:95. Паскал Сијакам го предводеше нападот на Индијана со 19 поени и 10 скока, а Тајрис Халибартон, кој играше во Сакраменто по вторпат откако се пресели од Кингс во Пејсерс во февруари 2022 година, додаде 14 поени, осум асистенции и пет скока.

Де’Арон Фокс беше најдобар стрелец на натпреварот со 23 поени за Кингс, кои погодија само 36,5 отсто од шутевите. Додаде и седум асистенции. Домантас Сабонис, кој отиде од Индијана во Сакраменто во трејдот на Халибартон со шест играчи, имаше рекордни во кариерата 21 скок и 17 поени.