На валутните пазари во претпладневнот тргување во понеделникот вредноста на американскиот долар во однос на кошничката валути благо падна, откако минатата семиа порасна за 0,8 отсто.
Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претплднево се движи околу 107,72 поени, додека во петокот навечер изнесуваше 108,08 поени.
Истовремено, курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од 156,35 на 156,55 јени.
Но американската валута ослабе во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0445 долари, додека во петокот вечерта беше 1,0430 долари.
Цените на нафтата, пак, пораснаа откако минатата седмица паднаа за повеќе од 2 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар петпладнево зајакна за 0,47 отсто, на 73,30 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,53 отсто, на 69,85 долари.