Принцот Хари сака да се ожени

Триесетгодишниот принц Хари им признал на пријателите дека мора што побрзо да се ожени, бидејќи се плаши дека статусот на неоженет ќе му ја загрози кариерата во војска.

Тој ја носи титулата капетан од 2011 година, но се надева дека наскоро може да добие унапредување во мајор. Но, за тоа му е потребна жена, бидејќи вакво унапредување добиваат фамилијарни луѓе со жена и деца.

– Морам да се оженам ако сакам да останам во војска. Мислам дека нема да можам да напредувам ако не сум оженет. Да се биде жена на војник може да биде тешко, особено ако тој многу патува како мене, им рекол Хари на своите пријатели, пренесува „Sandej pipl“.

Хари тргнал во Кралската воена академија во 2005 година, а еден негов колега за овој весник изјавил дека време е Хари да се ожени.

– Многу момци со кои Хари дојде во војска се веќе оженети. Тој е меѓу малкубројните кои и понатаму го држат тој статус. Хари сака да се ожени, но сака да најде некоја која ќе ја сака, и која ќе може да се носи со притисокот дека е во брак со позната лиќност кој е и војник, рекол неговиот колега.

hariii_2

Хари во последно времего поврзуваат со две плавуши, Кресида Бонас (25) и Челзи Дејви (29).