Тешка кражба во Скопје, украдени два пиштоли

Тешка кражба се случила вчера во куќата на педесет и четиригодишниот Б.Ј. од Скопје.

Од куќата биле одземени 1.000 денари, златен накит, пиштол со рамка во која имало осум куршуми, кој Б.Ј. го поседувал со дозвола и еден пиштол „шпанска ѕвезда“ со рамка што го поседувала со дозвола С.Ј.

Се преземаат мерки за откривање на сторителот.