Руските научници спроведуваат тестови на млад мамут чиишто неверојатно добро сочувани остатоци се откриени во стопен вечен мраз по повеќе од 50.000 години, за што во понеделникот извести за новинарите Максим Чепрасов од Музејот на мамутите на СВФУ.
Останките на су штеството, кое личи на мал слон со сурла, е извадено од кратерот Батагаика, огромна вдлабнатина длабока повеќе од 80 метри која се шири како резултат на климатските промени.
Трупот, тежок повеќе од 110 килограми, е изнесен на површина на импровизирана носилка, изјави Максим Черпасов, раководител на Лабораторијата на при Музејот на мамутите „Лазарев“ во градот Јакутск.
Рече дека мамутот веројатно бил стар нешто повеќе од една година кога угинал, но тестовите ќе им овозможат на научниците да направат попрецизна проценка. Посебно необичен бил фактот дека неговата глава и сурла биле зачувани.
„По правило, делот што прво се топи, особено сурлата, често го јадат современите предатори или птиците. Овде, на пример, иако предните екстремитети веќе се изедени, главата е извонредно добро сочувана“, изјави Черпасов.
Ова е најновото во низата спектакуларни откритија во рускиот вечен мраз. Во ноември, научниците покажаа остатоци од 32.000 години старо младенче на мачка со сабјести заби во истиот огромен североисточен регион, познат како Саха или Јакутија, додека 44.000 години стар труп на волк беше откриен на почетокот на оваа година.