Променливо облачно и студено со повремен дожд и снег

Денеска во Македонија  ќе  биде променливо облачно и студено со повремен локален снег во северните делови од земјата, а во југоисточните со повремен дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.

Температурата ќе се движи од 0 до 7 Целзиусови степени

Во Скопје, облачно и студено со повремени врнежи од дожд и снег, а во повисоките делови од котлината со повремен снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен ветер од северен правец.