Израелските воздушни напади врз Јемен се алармантни, оценуваат во ОН

Портпаролот на генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш во четвртокот ја осуди ескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Јемен, велејќи дека алармантни се израелските воздушни напади врз јеменскиот меѓународниот аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електроцентралите.

Израел потврди дека во четвртокот погодил повеќе цели поврзани со милицијата на проиранското шиитско Хутистичко движење во Јемен разорен од речиси дводецениската граѓанска војна, вклучувајќи го и меѓународниот аеродром Сана. Медиумите блиски до Хутистите наведуваат дека загинале најмалку шест лица.

„Денешните израелски воздушни напади врз меѓународниот аеродром Сана, пристаништата на Црвеното Море и електраните во Јемен се особено алармантни“, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН на брифинг со новинарите, изразувајќи загриженост за ризикот од натамошна регионална ескалација.