Сакраменто Кингс го отпуштиja тренерот

Сакраменто Кингс во петокот го отпушти тренерот Мајк Браун, по помалку од половина од неговата трета сезона на кормилото.

Педесет ичетиригодишниот Браун ги предводеше „Кралевите“ до плејофот за Западната конференција во својата прва година (2022-23), кога беше прогласен за тренер на годината во НБА лигата, а потоа и во плеј-ин рундата минатата сезона. Во јули, тимот го награди со тригодишно продолжување на договорот, наводно вреден 30 милиони долари.

Но, Сакраменто имаат скор од 13-18 оваа сезона и се на 12. место во Западната конференција. Кингс загубија пет натпревари по ред – сите на домашен терен.

„Ова беше тешка одлука и сакам да му се заблагодарам на Мајк за неговиот голем придонес во организацијата“, се вели во соопштението на генералниот директор на Кингс, Монте Мекнер.

Помошникот на тренерот Даг Кристи е именуван за привремен тренер на првиот тим. Кристи, член на штабот на Кингс од 2021 година, одигра 15 сезони во НБА, вклучувајќи четири ипол со Сакраменто од 2000 до 2005 година.

Кингс гостуваат кај Лос Анџелес Лејкерс во сабота пред да се вратат во Сакраменто на три натпревара следната седмица.