
Лондон е најскап град за живеење во светот, а од 193, Скопје се најде на 178 место на листата на „Ekspatistan”, која се занимава со споредување на трошоците на живот во светски градови.
Месечна кирија за стан во Лондон во просек е околу 4250 долари,а за месечен билет за јавен превоз граѓаните трошат околу 215 долари.
Во листата на пет најскапи градови се најдоа Осло, Женева, Цирих и Њујорк. За споредба се земени цените на храната, лековите, превозот, месечната кирија…
Скопје пак се најде на дното на листата, меѓу Техеран, Гвадалахара, Дака, Мумбаи и Каиро.
На дното на листата најскапи градови се рангирани Каракас во Венецуела, па Калкута, Хидерабад, Пуна и Мадрас во Индија.