
Осомничениот за злосторството во Цетиње, Аца Мартиновиќ, починал околу полноќ кон четвртокот како последица на обидот да се самоубие, откако убил најмалку дванаесет лица, соопшти полицијата.
Мартиновиќ, кој беше во бегство, полицијата го лоцирала недалеку од неговата куќа во Цетиње.
„Откако полицијата го опколи и откако виде дека е во безизлезна ситуација, тој се застрела и почина при транспортот до клиничкиот центар“, изјави на прес-конференција директорот на полицијата Лазар Шќепановиќ.
Додаде дека напаѓачот убил најмалку дванаесет лица, но можно е да има и повеќе жртви. Четири лица се тешко ранети. Меѓу жртвите има и две деца на возраст од 10 и 13 години и сите се најблиски пријатели, кумови и роднини на убиецот.
Мартиновиќ злосторството го започнал во ресторан „Велестово“ во близина на Спортскиот центар во Цетиње. По инцидентот меѓу него и гостин, тој отишол дома да земе пиштол, се вратил во кафеаната и таму убил четири лица.
Потоа ги убил членовите на неговото семејство и две деца, братчиња, на возраст од 10 и 13 години на три познати локации.
Во Клиничкиот центар во Подгорица синиќа беа оперирани четворица повредени, а директорот на таа установа д-р Александар Радовиќ соопшти дека тројцата тешко повредени се на одделот за интензивна нега, дека повредите им се сериозни, но дека виталните параметри се „во моментов стабилни “.
Операцијата на четвртиот повреден, кој има повеќе повреди на главата, стомакот и градниот кош, како што појасни д-р Радовиќ, траеше до раните утрински часови.
Ова е второ масовен злосторство во Цетиње во изминатите две ипол години. Градот и Црна Гора сѐ уште не закрепнаа од трагедијата што се случи на 12-ти август 2022 година во населбата Медовина, кога Вук Бориловиќ уби 10 луѓе, меѓу кои две братчиња.