Силниот земјотрес од 7,1 степени остави речиси 100 мртви во кинескиот регион на Тибет

Спасувачките работници во Тибет се борат сониските температури за да ги најдат  преживеани по разорниот земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтер, кој уби речиси 100 луѓе.

Земјотресот, кој го погоди светиот тибетски град Шигаце во вторникот во 9:05 часот, по локално време, ги потресе жителите и посетителите во близина на северното подножје на Монт Еверест, при што загинаа најмалку 95 лица, а 130 се повредени, јавуваат државните медиуми.

Најмалку 130 лица се повредени, соопштија локалните власти на прес-конференција во вторникот попладне. Повеќе од 1.000 куќи беа оштетени во округот Тингри, објави државната новинска агенција Ксинхуа, оставајќи многу бездомници во веќе изолираниот и неразвиен регион во студеното време од годинава.
Потресите биле почувствувани до Катманду, главниот град на Непал, објави Си-Ен-Ен. „Беше многу силно. Луѓето истрчаа надвор од своите куќи. Можеше да се види како жиците од столбовите се кинат“, рече Бишал Нат Упрети од Непалскиот центар за управување со катастрофи, невладина организација во Катманду.

Ана Гуо, 18-годишна студентка, се упатила кон Монт Еверест кога земјата почнала силно да се тресе. „Луѓето околу мене почнаа да паничат и станаа многу вознемирени“, изјави таа за CNN. „Патувањето го планирав една година. Но, кога конечно стигнав овде, наидов на земјотрес. Никогаш не мислев дека вакво нешто ќе ми се случи“, рече таа.

Епицентарот се наоѓал во округот Дингри, во близина на еден од најсветите градови во Тибет, Шигатсе, познат по своите вековни манастири и седиштето на Панчен Лама. Лоциран во округот Тингри високо на тибетското плато, епицентарот е близу до границата со Непал, околу 50 милји северно од највисоката планина во светот.

Потреси беа почувствувани низ Хималаите во соседниот Непал, Бутан и делови од северна Индија.

Земјотресот се наведува како најсмртоносниот во Кина од декември 2023 година.