Девет странски државјанки приведени, го злоупотребиле туристичкиот престој

Ноќта кон вторникот (07.01.2025) во период од 02:20 до 04:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово извршиле акциска контрола во угостителски објект на регионалниот пат Тетово- Желино, каде поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, биле приведени девет странски државјанки.

Приведените биле на возраст од 21 до 38 години, а доаѓале од Франција, Србија, Украина, Колумбија и Бразил.

Тие биле задржани во полициска станица за натамошна постапка.