Бразилскиот напаѓач Нејмар изјави дека повторното обединување со поранешните соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез во Интер Мајами е интересна идеја и не ја отфрли можноста за преселба во САД по истекот на неговиот договор со Ал Хилал.
Некогаш еден од најсмртоносните напаѓачи во фудбалот, Нејмар соработуваше со Меси и Суарез за да ја одведат Барселона до историска тројна круна пред да се пресели во Пари Сен Жермен во 2017 година за рекордни 222 милиони евра.
„Очигледно е дека повторното играње со Меси и Суарез би било неверојатно. Тие се мои пријатели, сè уште често сме во контакт. Би било интересно да се оживее тоа трио. Среќен сум во Ал-Хилал, среќен сум во Саудиска Арабија, но кој знае. Фудбалот е полн со изненадувања“, изјави Нејмар за CNN.
Нејмар играше само седум пати за Ал-Хилал од неговиот трансфер вреден 90 милиони евра од ПСЖ во 2023 година, бидејќи повредите го држеа надвор долги периоди. Неговиот актуелен договор истекува во јуни.
Помина шест сезони во ПСЖ каде постигна 118 гола, но и покрај огромниот домашен успех, не успеа повторно да ја освои Лигата на шампионите со францускиот клуб, пред да замине во Саудиска Про лига.
„Кога излезе веста дека го напуштам Пари Сен Жермен, трансфер периодот беше затворен во САД, па ја немав таа опција. Проектот што ми беше понуден беше многу добар, не само за мене, туку исто така и за моето семејство, па одењето во Саудиска Арабија беше најдобрата опција“, додаде 32-годишниот Нејмар.
Тој е најдобар стрелец на сите времиња за селекцијата на Бразил со 79 гола и изјави дека ќе има последна шанса да го освои Светското првенство во 2026 година. Шесте најдобро пласирани репрезентации директно ќе се пласираат на Светското првенство чии домаќини ќе бидат САД, Канада и Мексико.
„Ќе се обидам, сакам да бидам таму. Ќе направам се што можам за да бидам дел од репрезентацијата“, изјави Нејмар, кој нема играно за националниот тим откако ги скина предните вкрстени лигаменти и менискусот на левото колено за време на квалификации за октомври 2023 година.
Знам дека ова е мојот последен Мундијал, мојот последен обид, мојата последна шанса и ќе направам се што можам за да играм на него.“