
На Сирија ќе ѝ треба време да организира конференција за национален дијалог за да се осигура дека подготовките ги вклучуваат сите сегменти на сириското општество, изјави во вторникот министерот за надворешни работи Асад ал-Шибани.
Конференцијата има цел да ги обедини Сиријците од целото општество за да подготви нов пат за нацијата откако исламистичките бунтовници го соборија автократскиот претседател Башар ал-Асад, чие семејство владееше со Сирија 54 години и побегна во Русија по соборувањето.
„Ќе одвоиме време да организираме конференција за национален дијалог за да имаме можност да формираме подготвителен комитет кој може да добие сеопфатна застапеност на Сирија во сите сегменти“, рече Шибани.
Дипломатите и претставниците кои го посетуваат, им кажаа на новите владетели на Сирија последните денови дека би било подобро да не се брза со конференцијата за да се подобрат нејзините шанси за успех, наместо да има мешани резултати.
Новата влада сè уште не одлучила за датумот на конференцијата, изјавија претходно извори за Reuters, а неколку членови на опозициските групи неодамна изјавија дека не добиле покани.
Турскиот претседател Реџеп Таjип Ердоган изјави во вторникот дека ќе биде потребно време Сирија да се опорави и обнови по соборувањето на Асад, и дека штетата на инфраструктурата направена во текот на 13-годишната граѓанска војна е полоша од очекуваното.
Од падот на Асад на 8-ми декември, Турција постојано изјави дека ќе му ја обезбеди сета потребна помош на својот сосед во реконструкцијата и го испрати својот министер за надворешни работи, шефот на разузнавањето и делегација на Министерството за енергетика да разговараат за снабдувањето со електрична енергија.
Турција дели 911 километарска граница со Сирија и изврши неколку прекугранични рации против курдската милиција Единици за заштита на народот (YPG), која Анкара ја смета за сириско крило на забранетата Работничка партија на Куристан (PKK).