Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер Сити, кој западна во резултатска криза без повредениот Родриго, е подготвен да „растовари“ 40 милиони евра во зимскиот преоден рок за играчот од средниот ред на Лацио, 23-годишниот Николо Ровела, објави во средата италијанскиот весник Il Messaggero”.
Николо Ровела заработи повик во националниот тим со добрите игри во дресот на Лацио и дебитираше за „аѕурите“ во ноември минатата година. Родри е изгубен за сезоната поради повреда на коленото, а неговата улога како коректор на средниот ред се покажа како клучна за тимот на Пеп Гвардиола. Засега никој не можеше да го замени отсуството на Родриго, а Сити верува дека решението може да биде Ровела и на Лацио да му понуди 40 милиони евра.
Ровела, кој сѐ уште е играч на Јувентус, пристигна во август 2023 година на двегодишна позајмица во Лацио. Римскиот клуб на крајот од оваа сезона ќе мора да го откупи договорот на Ровела за 17 милиони евра и тоа ќе го направи со задоволство, бидејќи со продажбата на Ровела на англиски Сити ќе заработи 23 милиони евра без „ни да ора, ни да копа“.