-Добро е што Венко Филипче, после години громогласен молк и оправдување на политиките на СДС кои директно ја поткопуваа македонската државност, конечно се осмели макар и лажно да направи било каков чекор во одбрана на националните интереси. Меѓутоа, вистинската искреност бара не само зборови, туку и извинување и преземање одговорност за сите предавства на СДС изминативе седум години, се вели во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ, како реакција на фејсбук објавата на Венко Филипче.
-Очекуваме Филипче, во име на СДС, јавно да се извини и за:
– Откажувањето на оваа партија од македонскиот идентитет и јазик преку договорите кои директно ги загрозија македонските национални интереси.
– Врските на СДС со ДУИ, кои резултираа со масовен криминал, корупција и грабеж на државните ресурси.
– Грабежот и богатењето за време на ковид пандемијата, кога како министер за здравство дозволи огромни злоупотреби на јавните средства, со што се вброи меѓу профитерите кои се богатеа додека народот страдаше.
Филипче треба да покаже искреност и јавно да се огради и од неговиот ментор Зоран Заев, кој среде Скопје, без трошка срам тврдеше дека Македонците и Бугарите биле „с’шт народ“?!
Дали тој сè уште го дели ова мислење на „Фамилијата Заеви“ или, можеби, конечно тој решил да се оддалечи од овие разорни предавнички политики?
Народот нема да заборави и дека токму СДС и Венко Филипче беа главните вазали на ДУИ, кои заедно ја уништуваа иднината на Македонија. Колку и да се обидуваат да ги променат своите лица пред јавноста, македонскиот народ е свесен за нивните лаги и предавства.
Време е за нова страница во македонската политика, страница каде ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да ги брани македонските интереси, достоинството и иднината на сите граѓани, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ во партиската реакција.