Во Вашингтон одржана комеморација со државни почести за Џими Картер

Стотици луѓе присуствуваа на комеморацијата за 39-тиот американски претседател Џими Картер што се одржа денеска во Националната катедрала во Вашингтон.

Како што пренесува Бета, комеморацијата почна со пристигнувањето на ковчегот со телото на Картер, обвиен со американско знаме.

Сите наследници на Картер во Белата куќа кои се живи, Бил Клинтон, Џорџ Буш, Барак Обама, Доналд Трамп и Џозеф Бајден – присуствуваа на комеморацијата со нивните сопруги.

Од Картер се збогуваа и американската потпретседателка Камала Харис и нејзиниот сопруг, новоизбраниот американски потпретседател Џеј Ди Венс, поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс и канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо.

Американскиот претседател Џо Бајден одржа говор кој го почна со приказна за тоа како тој и неговата сопруга Џил се запознале со семејството Картер во 1970-тите, додека Бајден сè уште бил сенатор.

Картер почина на 29 декември на 101-годишна возраст.