Сообраќајот по наместа влажни коловози, намалена видливост од магла во Крушево и на премините Стража и Плетвар

Сообраќајот на државните патишта се одвивa во зимски услови, по наместа влажни коловози. Како што информира Автомотосојузот на Македонија во извештајот од 13 часот, снег провејува на патните правци Тетово – Попова Шапка, Гостивар – Стража, Делчево и Страцин, но не се задржува на коловозот.

-Намалена видливост поради магла има во Крушево – 100 метри и на планинските премини Стража – 100 метри и Плетвар – 100 метри, соопшти АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност од појава на одрони.

-Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, наведува АМСМ.