Според резултатите на Државната изборна комисија (ДИП), врз основа на 61,64 отсто од избирачките места, актуелниот претседател на Хрватска Зоран Милановиќ во вториот круг од изборите ги добил гласовите од 523.665 гласачи, а за Драган Приморац гласале 191.284 избирачи.
Процентуално, Зоран Милановиќ добил 73,25 отсто поддршка, а Драган Приморац 26,75 отсто.
Според резултатите на ДИП, во вториот круг гласале 43,86 отсто од електоратот.
На повеќе од 6.500 избирачки места во Хрватска денеска се гласаше на вториот круг од претседателските избори на кои учествуваа досегашниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац, поддржан од владејачката ХДЗ, Татковинското движење и неколку помали партии.
Драган Приморац, кандидатот на владејачката ХДЗ и нејзините коалициони партнери не му ја честиташе победата на неговиот противкандидат Зоран Милановииќ.
– Свесен сум дека тие не ја избраа програмата и визијата, но тоа е право на демократијата. Со мојата програма сакав да испратам порака дека Хрватска заслужува подобро. Голем број гласачи ги бојкотираа изборите, а тоа е демократијата.Направив се што е можно јас, мојот тим, ХДЗ, да чекориме со исправени кичми и тоа е нешто што ме прави горд. Па, нема ништо повредно од лик, чест, морал и гордост. тоа ни го даде традицијата. тоа е незаменливо ќе одам со исправени кичми, чист морал и вредности што ми ги дадоа моите родители и мојата Хрватска, а со тоа нема трговија“, рече Приморац – изјави Приморац.
Во првиот изборен круг учествуваа 8 кандидати, а Милановиќ влезе во вториот круг со 49,1% освоени гласови и Приморац со 19,35% поддршка од гласачите.