Нова победа на Денвер против Далас зачинета со нов рекорд на Јокиќ, Кливленд ја совлада Индијана

Денвер Нагетс во рок од само неколку дена забележа уште една победа над Далас Маверикс во Тексас, овојпат многу полесно со резултат 118:99.

Во претходното соочување гостите од Колорадо направија голем пресврт за да додат до триумф, но рано утрово таа задача полесно ја реализираа и покрај тоа што кај домаќините се врати ѕвездата Ирвинг.

Незадржлив беше Мареј со 45 поени и 6 асистенции, Портер Јуниор уфрли 13 кошеви, додека пак Јокиќ имаше трипл-дабл со само 10 поени, плус 14 скока и 10 асистенции.

Меѓутоа ова беше доволно за Србинот за постави уште еден рекорд во НБА лигата, стана најбрз играч со 15.000 поени, 7500 скокови и 5000 асистенци, поточно го надмина легендарниот Лери Бирд на кого за овој учинок му биле потребни 799 натпревари, а на Јокиќ 90 помалку.

Кливленд Кавалирс пак и се реваншираше на Индијана Пејсерс за поразот од пред некој ден и тоа со славје во Индијанаполис од 127:117.

Гостите подобро ги изиграа првата и третата четвртина, тука направија разлика кој се покажа како пресудна за конечниот резултат. Мичел се истакна со 35 поени и 9 скока, Гарланд додаде 24, додека Мобли имаше двоен учинок од 22 поени и 13 скока.

Сиакам со 23 коша беше најистакна поединец кај поразениот тим.

РЕЗУЛТАТИ:

Индијана пејсерс – Кливленд кавалирс 117:127
Филаделфија севентисиксерс – Оклахома сити тандер 102:118
Атланта хокс – Финикс санс 122:117
Чикаго булс – Њу Орлеанс пеликанс 113:119
Милвоки бакс – Сакраменто кингс 130:115
Далас маверикс – Денвер нагетс 99:118
Портланд трејлблејзерс – Бруклин нетс 114:132