Kавадарци ги повика верниците да се пријават за манифестацијата за Водици

Кавадарци денеска ги повика верниците да се пријават за манифестацијата со светиот крст за Водици. -Општина Кавадарци и годинава со црквите „Свети Димитрија“ и „Света Петка“, ја продолжува традицијата за положување на светиот крст за прославата на Водици. Покана до сите кои сакаат да учествуваат на овој убав црковен чин, да дојдат во црквата „Свети Димитрија“ и заедно со поворката и свештените лица, со литија да се упатат кон градскиот мост, соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

Од таму потсетија дека настанот ќе се одржи во недела, 19 јануари.

-Положувањето на светиот крст ќе биде од 11 часот во водите на реката Луда Мара, на градскиот мост на улицата „7 Септември“, веднаш по одржувањето на божествената литија, како и во месноста Моклиште од 12 часот. За најсреќните учесници кои ќе го фатат крстот, следуваат пригодни подароци, информираа од градоначалничкиот кабинет.