Јувентус со првиот јануарски трансфер ја засилува одбраната

Италијанскиот фудбалски великан торински Јувентус официјално објави дека во своите редови го донесе 21-годишниот португалски дефанзивец Алберто Кошта, потпишувајќи договор до јуни 2029 година.

Кошта доаѓа во Јувентус од португалскиот клуб Виторија Гимараеш и е дел од планот на Јувентус оваа зима да ја засили одбранбената линија, бидејќи тимот на Тиаго Мота го мачат повреди. Јувентус за Кошта платил 12,5 милиони евра плус бонус од 2,5 милиони, со што стана првиот јануарски трансфер реализиран од моментално петтопласираниот тим во италијанската Серија А.

Торинскиот клуб планира да доведе уште еден или двајца квалитетни одбранбени играчи, а според италијанските медиуми прашање на време е кога ќе дојде до трансферот на Рандал Коло Муани, францускиот напаѓач кој во Јувентус доаѓа на позајмица од ПСЖ.

Јувентус и натаму е единствениот тим во Серија А без пораз, но покрај седумте победи оствари 13 нерешени средби и затоа е само петти на табелата.