По околу два часа дебата во бугарскиот парламент, беше избран кабинетот на Росен Жељазков со 125 гласа „за“ и 114 гласа „против“ и ниту еден „воздржан“.
Кандидатот за премиер им се заблагодари на коалициските партнери за постигнатиот договор.
Тој се заблагодари и на ДПС-ДПС за одлуката да ја поддржи 105-та влада на државата.
„На Бугарија и треба редовна влада, беше категоричен тој. Земјата веќе подолго време е во политичка криза“, нагласи Росен Жељазков.