
Марко Рубио, кандидатот на новоизбраниот претседател за државен секретар на САД, ја потврди важноста на НАТО на сослушувањето во Сенатот во средата, но изрази согласност со верувањето на Доналд Трамп дека сојузниците треба да одвојат повеќе пари за заедничка одбрана, пренесува агенцијата STA.
На сослушувањето емитувано на американската телевизија, Рубио се огради од изјавите на Трамп за можното повлекување на САД од НАТО, но смета дека сојузниците треба да придонесат повеќе.
Во врска со Украина, Рубио, кој до неодамна беше верен поборник за американската помош за Киев, на сослушувањето се залагаше за преговори за ставање крај на војната.
„Оваа војна мора да заврши и мислам дека официјалната политика на САД треба да работи на тоа да стави крај“, рече Рубио, кој ја поддржуваше Украина до „нејзината конечна победа“ минатата година.
Се осврна и на прашањата за Блискиот исток, Латинска Америка и особено Азија, каде што предупреди дека Кина ќе остане најголема закана за американскиот просперитет во XIX век.
Меѓународната заедница неодамна беше вознемирена од изјавите на Трамп за преземање на Гренланд, Панамскиот канал и Канада. Рубио не се спротивстави директно на изјавите на Трамп на сослушувањето.
„Не ја разгледав правната основа, но можно е да се тврди дека се прекршени условите под кои каналот и беше предаден на Панама“, рече Рубио.
Додаде дека Панама е исклучителен партнер на САД и дека ова прашање лесно ќе се реши. САД ѝ ја предадоа контролата на Каналот на Панама во 1999 година според договорот од 1977 година за време на администрацијата на неодамна починатиот претседате Џими Картер.
Рубио рече дека Гренланд, кој ѝ припаѓа на Данска, е стратешки многу важен за САД. Тој потсети дека за време на Втората светска војна, САД го заштитиле од Германија и рече дека Гренланд ќе биде еден од најкритичните делови на светот во следните сто години.
Американскиот претседател во заминување Џо Бајден во вторникот ја отстрани Куба од листата „држави спонзори на тероризмот“, откако властите во Хавана претходно ослоодија неколку политички затвореници. Рубио, кој има кубански корени, рече дека мерката на Бајден нема да ја обврзе новата влада.
Рубио, поранешен противкандидат на Трамп за републиканската претседателска номинација во 2016 година, ги усогласи своите надворешнополитички ставови со минатогодишните на Трамп. Трамп потоа го избра 53-годишниот сенатор за свој државен секретар.
Рубио не очекува никакви проблеми со потврдата, бидејќи го поддржуваат републиканците, а демократите се задоволни што Трамп не избрал некој поекстремен туку личност која се смета за поблиска до неоконзервативците.
Во средата беа одржани сослушувања за уште неколку кандидати на Трамп за министерски позиции во идната влада, која започнува со работа во понеделник. Сенаторите ги испрашуваа кандидатот за генерален обвинител Пем Бонди, кандидатот за директор на Центалната разузнавачка агенција (CIA), Џон Ретклиф, кандидатот за секретар за транспорт Шон Дафи, кандидатот за секретар за енергетика Крис Рајт и директорот за буџет на Белата куќа Расел Војт.