Нa студентскиот протест пред РТС во Србија имало околу 53.000 лица

Архивот на јавни собири објави дека на синоќешниот протест пред Радио Телевизија Србија (РТС) под наслов „Нашето право е да знаеме сè“, имало меѓу 53.000 и 55.000 луѓе.

„На протестот под наслов: „Наше право е да знаеме сè“, одржан пред зградата на РТС, забележан е просечен број од 3,15 луѓе на квадратен метар на повеќе од 10.000 квадратни метри (од вкупно 24.350 м2)“, наведоа од Архивот на јавни собири на социјалната мрежа Икс.

Оценката е дека тоа бил еден од најголемите собири во историјата на Србија.

Според проценките на провладините медиуми, објавени синоќа, имало меѓу 10.000 и 15.000 луѓе.