Жална вест: Почина 17- годишното момче од Волково кое доби струен удар на вагон-цистерна

Почина 17-годишното момче од Волково кое на 16 јануари, качено на цистерна-вагон, доживеа струен удар.

-За жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент, кој беше со изгореници и тешки телесни повреди, велат од КАРИЛ.

Пациентот бил третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата за интензивно лекување, земајќи ги предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка, здравствена состојба.

На пругата во општина Кисела Вода, момчето било качено на цистерна-вагон и така доживеало струен удар.

Од Министерството за внатрешни работи за случајот појаснија дека цистерната во моментот се запалила. Момчето потоа со возило на Итна помош, било пренесено во Ургентниот центар, но за жал, досега докторите не успеале да му го спасат животот.