Премеир лига: Сити го демолираше Ипсвич, нов пораз на Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“

Во последниот неделен натпревар од 22. коло од англиската Премиер лига, Манчестер Сити го декласираше Ипсвич Таун на гостински терен со 6:0. „Граѓаните“ поведоа во 27. минута со голот на Фил Фоден. Само три минути подоцна гостите го зголемија водството, со голот на хрватскиот интернационалец Матео Ковачиќ на асистенција на Фоден. Истиот играч го круниса одличното издание во првото полувреме со својот втор гол на натпреварот во 42. минута.

Во преостанатиот дел од мечот, актуелниот англиски шампион постигна уште три гола, Џереми Доку (49), Ерлинг Халанд (57) и Џејмс Мекати (69).

Претходно во неделата Брајтон на гостински терен го совлада Манчестер Јунајтед со 3:1. Тоа беше трета последователна победа за Брајтон во сите натпреварувања, а осми меч во низа без пораз. Од друга страна, Манчестер Јунајтед во последните шест кола има само една победа.

Гостите поведоа уште во петтата минута. Карлос Балеба упати долга топка, домашната одбрана „заспа“ што Каору Митома го искористи втурнувајќи се кон голот на Јунајтед, а потоа несебично додаде до Јанкуб Минтех кој погоди за 1:0. Бруно Фернандеш израмни од пенал во 23. минута, но гостите дојдоа до ново водство во 60. минута. Митома и Минтех повторно беа во главните улоги. Овојпат асистент беше Минтех, а стрелец беше Митома. Гостите дојдоа на чекор до победа во 76. минута. Јасин Ајари нафрли од десната страна, Андре Онана скокна на топката, но таа му испадна од раце, а подарокот го искористи Џорџинио Рутер погодувајќи за 3:1.

Три бода освои и Нотингем Форест победувајќи го со 3:2 Саутемптон, што е петти пораз со ред откако тимот го презема хрватскиот стручњак Иван Јуриќ, откако го презеде клубот на крајот на декември. Форест имаше водство со 3:0 со головите на Елиот Андерсон (11), Калум Хадсон-Одои (28) и Крис Вуд (41). Избраниците на Јуриќ успеаја да го ублажат поразот во вториот дел со головите на Јан Беднарек (60) и Пол Онуачу (90+1).

Со идентичен резултат Евертон славеше против Тотенхем. За Евертон погодија Доминик Калверт-Лјуин (13), Илман Ндијаје (30) и Арчи Греј (45+7аг), додека за лондонскиот тим погодија Дејан Кулушевски (77) и Ричарлисон (90+2).

Ливерпул води со 50 бодови, Нотингем Форест и Арсенал имаат по 44, а Манчестер Сити е четврти со 38 бодови, исто толку со Њукасл Јунајтед на петтото место.

Колото во понеделник го затвора дуелот меѓу Челзи и Вулверхемптон.