Наутро студено, преку ден облачно со сончеви периоди

Утрово е студено со појава на магла по одделни котлини, а преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во источните делови. Ќе дува слаб променлив ветер.

Утринските температури се движат од минус 8 до 1, додека соодветно највусоките дневни ќе бидат во опсегот меѓу 2 и 11 Целзиусови степени.

Во Скопје, претпладне студено со појава на магла, преку денот променливо со мала до умерена облачност. ТЕмпературата ќе достигне до 3 степени.