Доларот ослабе, цените на нафтата стагнираат

На валутните пазари вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути благо падна во утринското тргување во понеделникот.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест главни светски валути, утринава се движи околу 109,16 поени, додека во петокот вечерта изнесуваше 109,41 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од 156,30 на 155,85 јени.

Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0305 долари, додека во петокот вечерта чинеше 1,0270 долари.

Цените на нафтата, пак, стагнираат, по минатонеделниот благ раст. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово падна за 0,05 отсто, на 80,75 долари.