Курти дава целосна поддршка на опозицијата во Србија

Премиерот на Косово, Албин Курти, за време на говорот во Загреб ги поддржа студентските протести во Србија организирани од опозицијата.

Србија не е демократска држава – изјави Курти

Тој, исто така, рече дека во Србија „не се почитуваат човековите права и правата на малцинствата“.

– Мојот впечаток е дека Србија е само формално република. А, не  е можно да стане кралство и содржински. Затоа, во оваа празнина, тие станаа, како што секогаш ги знаевме, паравоена држава. Овде го праќаат Милан Радоичиќ да изврши терористички акции, а во Белград претепаа студенти. Од историско искуство знаеме како завршува ова. Но, се чини дека Белград не научи ништо од своето минато – рече Курти.