Трамп: Бајден помилуваше луѓе „виновни за многу тешки злосторства“

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој положи заклетва во понеделникот, во својот говор го критикуваше потегот на сега веќе поранешниот претседател Џо Бајден, непосредно пред да ја напушти Белата куќа „превентивно“ да помилува неколку политички фигури и членови на неговото семејство.

„Требаше да зборувам за она што Џо го направи денеска, за помилувањата на луѓето кои се многу, многу виновни за многу тешки злосторства“, рече Трамп во својот втор говор по неговата инаугурација, осврнувајќи се конкретно на членовите на истражниот комитет на Претставничкиот дом кој го осуди неговата наводна и со ништо и никогаш недокажана улога за упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година на приврзаниците на републиканецот кои и денес тврдат дека претседателските избори во 2020 година се украдени во полза на републиканците.

Непосредно пред да му ја предаде власта на Трамп во понеделникот, Бајден во обид наводно да „спречи можна лична одмазда“, „превентивно“ помилува избрани функционери и државни службеници, како и пет членови на неговото семејство, сакајќи да ги „заштити од можна одмазда“ на Трамп.

Откако неговиот републикански наследник порача дека ќе им возврати поради саботирањето на неговите политички одлуки и политичко-судскиот прогон во изминатите четири години, Бајден одлучи да ги „заштити луѓето на црната листа на Трамп од неоправдани и политички мотивирани правни дејствија“.

Меѓу нив се поранешниот претседател на Здружениот Генералштаб, генерал Марк Мили, поранешниот архитект на стратегијата за ковид-19 и во администрацијата на двајцата а особено за ресктриктивните мерки во мандатот на Бајден – Ентони Фаучи, и луѓе кои учествуваа во комисијата задолжена за истрага на нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година, како како и полициски службеници кои дадоа исказ пред истата комисија иако многумина нивни колеги одбија да го сторат тоа.

Бајден помилува и пет членови од неговото семејство, велејќи дека сака да ги спречи да бидат цел на „неосновани и политички мотивирани истраги“.

Меѓу помилуваните се и неговите двајца браќа Џејмс и Френсис. На листата се и Сара, сопругата на Џејмс Бајден, сестрата на Бајден, Валери и нејзиниот сопруг Џон, поради махинации и префрлање значителни суми на личната сметка на Џо Бајден земени од оператор со рурални болници кој во тоа време бил во финансиски криза а подоцна и банкротираше. Претходно во декември Џо Бајден го помилуваше и својот син Хантер Бајден, иако претходно тврдеше дека нема да го стори тоа.