Американски сенатор со блузон и бермуди се појави на инаугурацијата на Трамп

Сенаторот Џон Фетерман (55) присуствуваше на инаугурацијата на американскиот претседател Доналд Трамп во навистина необична модна комбинација… Тој носеше блузон со црна качулка, сиви бермуди и патики.

Она што повеќето луѓе вообичаено го носат на тренинг или на прошетка в парк, овој политичар го носеше на свечен настан, додека сите околу него беа во костуми и слична „официјална“ облека. Покрај сѐ друго, Фетерман (55) седеше во првиот ред. Американскиот сенатор, се чини, го сака својот „лежерен“ стил. Повеќепати е фотографиран во јавноста во слични спортски изданија, а многу поретко во нешто поофицијално и поформално.

Кој е Џон Фетерман? Иако се од различни партии, тој е еден од најголемите поддржувачи на Трамп oд Демократската партија во американскиот Сенат. Роден во Пенсилванија, меѓу 2006 и 2019 година беше градоначалник на Брадок – порано индустриски град, и ја носеше титулата „најкул градоначалник“.

Во 2022 година, Фетерман стана сенатор од државата Пенсилванија, каде што го победи сопартиецот на Доналд Трамп, републиканецот д-р Мехмет Оз.