
Бостон Селтикс синоќа на гостински терен ги совладаа Голден Стејт Вориорс со огромни 125:85 како дел од Денот на НБА Мартин Лутер Кинг Џуниор.
Голден Стејт немаат пораз со 40 поени на домашен терен од 15 јануари 1985 година.
Џејсон Тејтум предводеше шест стрелци на Бостон со двоцифрен учинок, тој го заврши натпреварот со 22 поени, Кристапс Порзингис постигна 18 поени, а Џејлен Браун имаше 17. Тејтум забележа и рекордни за него девет скока со седум асистенции и две украдени топки. Пејтон Причард постигна девет асистенции со 14 поени. Вориорс имаа слаб шут, шутираа 34,8 отсто од поле и 26,4 отсто за „тројки“. Стивен Кари ги предводеше Вориорс со 18 поени, а Мозес Муди додаде 13 поени за Голден Стејт, на кој поради повреди им недостасуваа Дрејмонд Грин, Џонатан Куминга, Брандин Поџиемски и Кајл Андерсон.
Селтикс водеа со 54:39 на полувремето пред да ја преземат контролата во третата четвртина. Тејтум постигна 12 поени во третата четвртина, додека Бостон погоди 16 од 24 шута, вклучително и осум „тројки“, остварувајќи предност од 34 поени, на влезот во последниот дел од натпреварот.
Чикаго Булс ја прекинаа серијата од пет порази со победата од 112:99 во „Инглвуд“ над Лос Анџелес Клиперс, а Зек ЛаВин постигна 35 поени и го предводеше својот тим до победата. Џош Гиди додаде 18 поени, 10 скока и девет асистенции за Чикаго. Клиперс ги предводеше Норман Пауел со 27 поени, а Џејмс Харден додаде 17. Ивица Зубац не играше за Клиперси поради повреда на окото, а отсуствуваше и Кави Ленард поради лекување на повредата на десното колено.
По менувањето на водството во првото полувреме, Булс ги надиграа Клиперс со 36:16 во третата четвртина, користејќи серија од 22:5 во тој период за да поведат со 76:62.
Њу Орлеанс Пеликанс ја совладаа Јута Џез со 123:119 по продолжение на домашен терен откако надмина негатива од 15 поени. Претпоследните на Западот пред Џез, Пеликанс ја забележаа четвртата победа во низа, особено благодарение на 45-те поени на СиЏеј МекКолум.
Детроит Пистонс беа подобри од Хјустон Рокетс со 107:96 на гости, а Кејд Канингем постигна 19 од неговите 32 поени во третата четвртина. „Дабл-дабл“ учинок без промашен удар додаде Џејлен Дурен – 16 поени и 14 скока. Детроит ја презеде контролата во третата четвртина и ги издржа Рокетс откако во четвртата се доближија на пет поени. Фред ВанВлит беше најдобар играч кај Рокетс со 20 поени, додека Џејлен Грин додаде 19 поени.
Кливленд Кавалирс ги совладаа Феникс Санс со 118:92, предводени од Донован Мичел со 33 поени. Кавалирс се најдобриот тим во лигата, далеку пред Бостон на Истокот, со скор од 36 победи и само шест порази, а подобри се и од Тандер (35-7), кои се први на Западот. Кевин Дурент беше најефикасен кај Феникс кој се наоѓа на десеттото место на Западот со 23 поени и седум скока.
Шарлот Хорнетс на домашен терен со 110:105 ги совладаа Далас Маверикс, кои од Божик се без својата ѕвезда Лука Дончиќ. Домашните Хорнетс славеа предводени од ЛаМело Бол и Мајлс Бриџис кои постигнаа по 23 поени и првпат сезонава остварија три последователни победи. Кајри Ирвинг постигна 33 поени, а Даниел Гафорд 31 поен и 15 скока за Далас, кој загуби четири од последните пет натпревари.
Минесота Тимбервулфс загубија со 106;108 на гостувањето кај Мемфис Гризлис, кој се врати во последната четвртина. Ентони Едвардс постигна 32 поени за Минесота, додека Мемфис беше предводен од Џерен Џексон Јуниор. со 24 пресретнувања.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот Хорнетс – Далас Маверикс 110:105
Хјустон Рокетс – Детроит Пистонс 96:107
Мемфис Гризлис – Минесота Тимбервулфс 108:106
Њујорк Никс – Атланта Хокс 119:110
Кливленд Кавалирс – Феникс Санс 118:92
Голден Стејт Вориорс – Бостон Селтикс 85:125
Њу Орлеанс Пеликанс – Јута Џез 123:119 (продолжение)
ЛА Клиперс – Чикаго Булс 99:112
ТАБЕЛИ
ИСТОЧНА КОНФЕРЕНЦИЈА
АТЛАНТСКА ДИВИЗИЈА
1. Бостон Селтикс 30 13 ,698 —
2. Њујорк Никс 28 16 .636 2 1/2
3. Филаделфија 76ерс 15 26 .366 14
4. Бруклин Нетс 14 29 .326 16
5. Торонто Репторс 10 32 .238 19 1/2
ЦЕНТРАЛНА ДИВИЗИЈА
1. Кливленд Кавалирс 36 6 ,857 —
2. Милвоки Бакс 24 17 .585 11 1/2
3. Индијана Пејсерс 24 19 .558 12 1/2
4. Детроит Пистонс 22 21 .512 14 1/2
5. Чикаго Булс 19 25 .432 18
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Атланта Хокс 22 20 .524 —
2. Орландо Меџик 23 21 .523 —
3. Мајами Хит 21 20 .512 0 1/2
4. Шарлот Хорнетс 11 28 .282 9 1/2
5. Вашингтон Визардс 6 35 .146 15 1/2
ЗАПАДНА КОНФЕРЕНЦИЈА
ПАЦИФИЧКА ДИВИЗИЈА
1. Лос Анџелес Клиперс 24 18 .571 —
2. Лос Анџелес Лејкерс 22 18 .550 1
3. Сакраменто Кингс 22 20 .524 2
4. Феникс Санс 21 21 .500 3
4. Голден Стејт Вориорс 21 21 .500 3
ЈУГОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Хјустон Рокетс 28 14 .667 —
2. Мемфис Гризлис 28 15 .651 0 1/2
3. Далас Маверикс 23 20 .535 5 1/2
4. Сан Антонио Спарс 19 22 .463 8 1/2
5. Њу Орлеанс Пеликанс 12 32 .273 17
СЕВЕРОЗАПАДНА ДИВИЗИЈА
1. Оклахома Сити Тандер 35 7 ,833 —
2. Денвер Нагетс 26 16 .619 9
3. Минесота Тимбервулфс 22 21 .512 13 1/2
4. Портланд Трејл Блејзерс 14 28 .333 21
5. Јута Џез 10 31 .244 24 1/2