
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка, најдобрата светска тенисерка и победничка на последните два турнири во Австралија се пласираше во полуфиналето на Грен слем турнирот во Мелбурн.
Во четвртфиналето, Сабаленка ја победи Русинката Анастасија Пављученкова со 6:2, 2:6, 6:3, со што избори полуфинален меч против Шпанката Паула Бадоса, која претходно ја совлада Американката Коко Гоф со 7:5, 6:4.
Во преостанатите две четвртфиналиња ќе игра Полјакката Ига Швјонтек против Американката Ема Наваро и Украинката Елина Свитолина против Американката Медисон Кис.
Но Сабаланка немаше лесна работа против Пављученкова, 27. носителка во Мелбурн, која едно коло претходно во само два сета ја совлада најдобрата хрватска тенисерка Дона Векиќ.
Сабалнка од Русинката го загуби првиот на овогодинешниот Австралија опен, а тоа беше целосно изедначена борба која можеше да помине во секој случај до 3-3 во третиот сет. Во финалниот меч Сабаленка сепак успеа да наниже три гема и со тоа го продолжи патот кон одбрана на титулата. На почетокот на третиот сет, Пављученкова имаше две брејк предности, што не и помогна до крајот на мечот.