
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ избори полуфинален меч против Германецот Александер Зверев, откако беше подобар од Шпанецот Карлос Алкараз во четвртфиналето на Австралија Опен со 4-6, 6-4, 6-3, 6-4.
Тоа беше осми меч на овие двајца тенисери и петта победа за Ѓоковиќ, кој сѐ уште нема загубено меч од Алкараз на тврда подлога. Ѓоковиќ на тој начин го продолжи патот до својата 11-та Гренд слем титула во Мелбурн, а следен противник ќе му биде вториот носител Зверев, кој претходно го победи Американецот Томи Пол со 7:6(1), 7:6(0), 2-6, 6-1.
Ѓоковиќ го отвори мечот против шеснаесет години помладиот Алкараз со водство од 2-0, но до крајот на првиот сет Алкараз не само што го врати водството, туку на 4-4 направи уште еден брејк, а потоа лесно сервираше за водство од 1-0 во сетови.
Заостанувајќи со 4-5 во првиот сет, Ѓоковиќ побара помош од физиотерапевтот и го напушти теренот откако имаше проблем со препоните. Иако посочи дека физички не е целосно подготвен, од тој момент Ѓоковиќ играше многу подобро. Поведе со 3-0 во вториот сет, иако 21-годишниот Шпанец повторно ја анулираше негативата и стигна до 3-3. Сепак, посилната и посигурна игра му донесе на Ѓоковиќ израмнување во сетови, откако го одзема сервисот на противникот на 5-4.
Својата подобра игра Ѓоковиќ ја продолжи и во третиот сет. Постојано вршеше притисок на сервисот на противникот и на крајот го скрши Алкараз со водство од 3-2. Шпанецот возврати веднаш во следниот гем, но при 3-4 повторно одигра многу лош гем на свој сервис, што на крајот го плати со губење на уште еден сет.
Ништо не можеше да го спречи Ѓоковиќ да го игра својот одличен тенис. Се движеше перфектно и се бранеше од сите напади на Шпанецот, но во исто време направи исклучително малку грешки. Поведе со 4-2 во четвртиот сет и имаше брејк за 5-2, за што веројатно беше последниот чекор кон славјето.
Спектакуларен и долг беше поениот на брејк-топката кој го освои Алкараз, и се чинеше дека тој момент му даде нова сила на Шпанецот. Алкараз го спаси во тој момент натпреварот и доби две брејк топки при 3-4 за да се врати во мечот. Ѓоковиќ некако успеа да се извлече од една многу незгодна ситуација и потоа ја искористи првата меч топка при 5-4 за голема победа.
Во преостанатите две четвртфиналиња, Италијанецот Јаник Синер, во моментов светскиот број еден играч и бранител на титулата во Мелбурн, игра против домашниот играч Алекс де Минаур, додека Американецот Бен Шелтон ќе се соочи со Италијанецот Лоренцо Сонего.