Лажно интервју на министерката Димитриеска-Кочоска споделено на социјалните мрежи

Министерството за финансии информира дека денеска на социјалните медиуми е споделена вест во која се пренесува лажно интервју од министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, за кое е искористено логото на Канал 5 телевизија.

„Станува збор за креирана невистинита содржина која содржи лажни информации, неточни ставови и изменети фотографии, а се однесува на некаков нов систем за враќање даноци“, соопшти Министерството за финансии.

Оттаму појаснуваат дека станува збор за содржина која не е произлезена од Министерството за финансии.

„Поднесена е пријава до Министерството за внатрешни работи“, додава Министерството за финансии.