
Рускиот претседател Владимир Путин, вообичаено има имиџ на опасен и студен лидер, но неодамна покажа дека знае да биде вистински кавалер. За време на синоќешната свечена вечера, тој со својот шал ја прегрна првата жена на Кина, Пенг Лијуан.
Додека кинескиот претседател разговараше со претседателот на САД, првата дама на Кина разговараше со Путин.
На вечерата и огнометот на стадионот присуствуваа лидери на 21 земја кои учествуваат на самитот на Азиско пацифичката економска соработка во Пекинг.
Путин откако примети дека и е ладно на сопругата на кинескиот претседател, стана и ја нагрна со шалот преку грбот, што го регистрираа камерите на кинеската државна телевизија и бројните фоторепортери.
Видеото за кратко време привлече многу внимание на социјалните мрежи, но набргу беше отстранет од повеќето информативни портали. Потегот на рускиот претседател ги разработи и кинеските сензори, кои го избришаа од социјалните мрежи во Кина.