Пет лица повредени при терористички напад во Тел Авив, напаѓачот е убиен

Најмалку пет лица се повредени во вторникот вечерта во напад со нож на улица во центарот на Тел Авив. Според службата за итни случаи. Состојбата е тешка на еден од повредените, кој е прободен во пределот на вратот, објави „Ynet“.

Напаѓачот кој идентификуван како Кади Абделазиз (29) е жител на САД со потекло од Мароко, кој пристигнал во Израел пред три дена.

Министерот за внатрешни работи Моше Арбел истакна дека службениците за гранична контрола од Управата за население и имиграција го идентификувале Абделазиз како закана во реално време и се обиделе да го спречат да влезе во Израел.

Тој беше префрлен кај безбедносните службеници на Шин Бет на дополнително испитување, кои на крајот му дозволија да влезе во Израел.

„Ги пофалувам и ги ценам службениците за гранична контрола на Управата за население и имиграција кои во реално време го  идентификуваа и се обидоа да го спречат влегувањето во Израел на терористот од нападот во Тел Авив, по неговото пристигнување на аеродромот Бен Гурион на 18.1.25. Тој е префрлен на испрашување кај безбедносните службеници кои за жал решија да му дозволат влез во Израел“, рече Арбел.

Случајни минувачи кои биле сведоци на нападот, кои се војници на ИДФ од елитна единица, го неутрализирале терористот.

„Слеговме од куќата и видовме како терористот соборува цивил на улицата. Му викавме да застане и го застрелавме кога тој одби. Испукавме вкупно четири куршуми“, велат тие. Според очевидец, „терористот се симнал од скутер, а возачот продолжил да вози“.

Шин Бет го привела напаѓачот при неговото влегување во земјата, но не нашла основа да го задржи

Безбедносната агенција „Шин Бет“ вели дека напаѓачот од Тел Авив бил испрашуван при слетувањето во Израел во текот на викендот, но, не било утврдено дека тој претставувал закана.

„По влегувањето во Израел, тој беше подложен на безбедносна проценка која вклучуваше негово испрашување, како и дополнителни проверки, на крајот од кои беше одлучено дека нема основа да се спречи неговиот влез во Израел од безбедносни причини“, посочиле од Шин Бет, објави „The Times of Israel“.

Агенцијата додава дека инцидентот е под дополнителна истрага.

Напаѓачот кој го изврши нападот со нож и рани пет лица е американски носител на зелена карта.

Абделазиз Кади (29), марокански државјанин, влегол во Израел на 18 јануари со туристичка виза.

Во саботата, 28-годишен маж беше тешко повреден во напад со нож на раскрсницата на улиците Левонтин и Миквех Јизраел во Тел Авив. Тој бил пренесен во болницата Ичилов во градот, каде му била извршена операција и состојбата му се стабилизирала. Терористот, илегален жител од Тулкарм, бил елиминиран на местото на настанот. Полицијата добила пријави за осомничен кој се обидел да избоде минувачи. Вооружен граѓанин кој бил на местото на настанот го неутрализирал.