ВИДЕО I Јокиќ го забележа 19-от трипл-дабл, а Денвер славеше против Филаделфија

Никола Јокиќ одигра уште еден доминантен натпревар во НБА-лигата и го предводеше Денвер до убедлива победа од 144-109 против Филаделфија.

Српскиот центар имаше 27 поени, 13 скока и 10 асистенции, што за него беше 19-ти трипл-дабл во сезоната и четврти по ред. Дури шест играчи на Нагетс имаа двоцифрен ефект во нападот. Кај Сиксерс, кои беа без центарот Жоел Ембид, најефикасен беше Тајрис Макси со 28 поени.

Лос Анџелес лејкерс му го нанесоа на Вашингтон 11-тиот пораз по ред со 111-88. Ентони Дејвис имаше 29 поени и 16 скока за победничкиот тим, додека Леброн Џејмс запиша трипл-дабл со 21 поен, 13 асистенции и 10 скока.

Во локалното дерби, Њујорк славеше во Бруклин со 95-99, Мајами загуби на домашен паркет од Портланд со 107-116, а Торонто беше подобар од Орландо со 109-93.