![marihuana-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/marihuana-1.jpg?resize=696%2C418&ssl=1)
Две лица од селата Отља и Липково биле приведени вчера откако полицијата во нивните домови пронашла марихуана, дигитални ваги и дробилка.
– На 22.01.2025 во 16.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Р.К.(43) од село Отља, општина Липково, и Р.И.(34) од село Липково, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат од таму, при претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, била пронајдена марихуана, дигитални ваги и дробилка.
– Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави, стои во соопштението.