
На денешната прес-конференција, пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, даде одговор на новинарско прашање во однос на остварените средби на претседателот на Владата Христијан Мицкоски во САД.
„Претседателот Мицкоски во САД оствари државен успех. Тој е прв премиер на државата кој присуствувал на инаугурација на американски претседател, а воедно и единствен политичар од Балканот во моментот кој беше во Вашингтон на настанот оваа година, рече Петрушевски.
Додаде дека: „Покрај големата чест која Македонија ја има со тоа, претседателот Мицксоки ја искористи посетата да се види со значајни личности од Американската политика и нормално бизнис заедница. Остварени се средби со Крис Павловски, Девин Нунез, Џон Битов, Марко Галина, Такер Карлсон, Ричард Гренел, Ендру Пејкоф, Џеси Спиро, Александар Касаноф, Мајкл Ватли – претседател на Републиканската партија на САД и многу други средби. На овие средби е разговарано за поддршката на САД за Македонија, како и за инвестицискиот потенцијал на нашата држава и отвореноста за економска соработка. Ефектот од овие средби допрва ќе се гледа во Македонија, како политички, така и економски“, нагласи Петрушевски.