
Поради температурната инверзија што деновиве се случува во Пелагониската котлина, особено во Битола, што резултира со ниски температури и густа магла, општина Битола за време не престојниот викенд ќе организира бесплатен превоз до скијачките терени на Стрежево и кон инфоцентарот на Пелистер, каде граѓаните ќе можат да уживаат во сонцето, повисоките температури и чистиот воздух, соопштија од оваа општина.
Во текот на утрешниот ден, детално ќе бидат соопштени деталите околу превозот.
Во меѓувреме, Општина Битола редовно ги следи состојбите со квалитетот на амбиенталниот воздух во градот, преку двете официјални мерни станици Битола 1 и Битола 2, како и препораките кои што доаѓаат од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање. Во текот на вчерашниот ден, веќе објави дека во текот на два последователни дена, прагот е надминат во мерната станица Битола 2. Исто така, општина Битола веќе врши вонредни инспекциски надзори за контрола на Б интегрирани дозволи, казнување и опомена за горење на несоодветни опасни материјали, забраната за горење на отворено итн, согласно мерките пропишани од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање за инспекциски надзори од страна на општинските служби, информираат од оваа општина.